Постигнување на соодветна нутритивна поддршка за време на лекувањето на ракот е особено тешко. Сепак зачувувањето на телесната градба и правилната исхрана ќе ви помогне да ја одржите силата, и на тој начин, може да се подобри секојдневното функционирање и способноста да се справите со терапиите за ракот. Соодветна исхрана може да придонесе пациентот да се чувствува подобро и посилно и може да помогне да се бори против инфекциите.
Малнутрицијата е примарната грижа и е важна причина за болест кај пациентите со рак, која се должи на тешкотијата да се конзумираат доволно калории и хранливи состојки. Протеин - енергетската малнутриција (или протеин - калоричната малнутриција) е особено проблематична и е најчестата секундарна болест кај пациентите со рак. Таа се јавува кога не се конзумираат доволно протеини и енергија (калории) за да се одржи телесната градба, и со тоа се поттикнува губење на тежината. Кога телесните резерви се сериозно компромитирани, функционалноста на телото опаѓа, што може да доведе до болест, а можеби и смрт. Како резултат на неадекватна исхрана може да се јават исцрпеност, слабост, намалена отпорност на инфекции, губење на напредокот и тешкотии при толерирање на антиканцер терапиите.
Луѓето заболени од рак обично патат од анорексија, која се карактеризира со губење на апетитот. Анорексијата е најдоминантната причина за потхранетост и влошување на состојбата кај пациентите со рак. Друг чест проблем кој се јавува кај ракот е губење на тежината и кахексија. Кахексија е состојба каде телесната тежина драстично се намалува, што се карактеризира со еден постојан губиток на тежина, мускули и маснотии. Позната е како “wasting“ синдром (синдром на загуба), кој може да се случи и кај поединци кои консумираат доволно храна, но поради компликациите на заболувањето, не може да апсорбираат доволно хранливи состојки. Малнутрицијата, анорексијата и кахексијата се сериозни закана за болните од рак и може да доведат до смрт.
Причини за недоволна исхранетост кај заболените од рак
Постојат многу причини за недоволна исхранетост кај заболените од рак, вклучувајќи го и ефектот на туморот, ефектот од терапијата или психолошки проблеми како депресија.
Растот на туморите во дигестивниот систем може да предизвика блокада, да доведе до гадење и повраќање или да предизвика слабо варење или апсорпција на хранливите состојки. Терапиите за ракот и нивните несакани ефекти, исто така, може да доведат
до потешкотии при исхраната. На пример, по операцијата, може да се случи недоволно апсорбирање на протеини и масти.
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА