Aнтиканцероген потенцијал на калциумот

Една студија публикувана во Archives of Internal Medicine покажува дека зголемен внес на калциум со исхраната или додатоци во исхраната може да го намали ризикот од колоректален карцином до 23% кај жените.

Според наодите од National Cancer Institute of USA, мажите исто така имаат корист од зголемениот внес на минерали - кај нив резултира со 16% намален ризик од колоректален канцер.

Истражувачите, раководени од Yikyung Park, дошле до овие заклучоци после анализата на податоците добиени од 293 907 мажи и 198 903 жени кои учествувале во истражувањето на National Institutes of Health-AARP Diet and Health. Наодите ги подржуваат моменталните американски препораки за конзумирање 1200 мг. калциум за возрасни над 50 години и три чаши дневно нискомаслено или безмаслено млеко или млечни производи.

“Нашите наоди сугерираат дека константното земање на калциум според тековните препораки е поврзано со помал ризик од кој и да било карцином кај жените и карциноми на дигестивниот тракт, особено колоректален карцином, подеднакво и кај мажите и кај жените”, напишал Park и соработниците.

Научниците ги анализирале податоците од студијата на na NIH-AARP Diet and Health употребувајќи анкети за начинот на исхрана, употребата на млечни продукти и додатоци во исхраната.

Испитаниците биле последователно следени просечно седум години, и за тоа време 36 965 случаи на карциноми биле дијагностицирани кај мажите и 16 605 кај жените. Додека била набљудувана поврзаноста помеѓу калциумот и тоталниот ризик од карцином кај мажите, истражувачите забележале дека ризикот се намалил при консумирање на 1300 мг. калциум дневно. Внесување на поголема количина на калциум (над 1300 мг.) не дала дополнителни ефекти.

Кога истражувачите ги земале во предвид само карциномите на дигестивниот тракт, забележале дека и млечните производи и суплементите од калциум помагаат и кај мажите и кај жените да се намали ризикот од појава на овој тип на канцер.

Навистина, мажите со највисок просечен дневен внес од околу 1530 мг имале 16% помал ризик од овој тип на канцер, споредено со мажите со најнизок просечен внес од околу 525 мг дневно.

За жените, највисокиот просечен внес на калциум (1881 мг. дневно) бил асоцирани со 23% понизок ризик од појава на вакви карциноми, споредено со жените со најнизок просечен внес (494 мг. дневно). Намалениот ризик особено се однесувал за колоректалниот канцер, наведуваат истражувачите.


 
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести