Aнтиканцероген потенцијал на фолатите

Ректалниот карцином ќе погоди околу 5300 луѓе во САД оваа година. Од друга страна пак, повеќе од 150 000 Американци се дијагностицирани со колоректални карциноми (карцином на колонот и ректален карцином) секоја година. Во таа бројка се вклучени околу 40 000 случаи со ректален карцином и 110 000 случаи со карцином на колонот.

Сега научниците од Кореа откриле дека зголемен внес на фолати со исхраната може да го намали ризикот од колоректален карцином кај жените. Според студијата, објавена во European Journal of Clinical Nutrition, шансите за добивање колоректален карцином се намалуваат за 50% со зголемување на внесот на фолати.

Според извештајот на истражувачите објавен во European Journal of Clinical Nutrition (EJCN), највисокиот внес на фолна киселина, Б витамин кој се наоѓа во зелениот листест зеленчук, грашокот и леќата, бил поврзан со намалување на ризикот од колоректален карцином кај жените за 66% и 70%.

Како и да е, мажите немале бенефит од витаминот, наведуваат истражувачите од Cancer Epidemiology Branch, National Cancer Research Institute, National Cancer Center, Goyang, South Korea.

Преку 30 контролни случаи и проспективни кохортни студии го наведуваат намалувањето на ризикот од колоректален карцином поврзан со овој витамин. Слично намалување на ризикот исто така било наведено и за лезијата која преминува во канцер, аденоматозниот полип.

Истражувачите од Кореа ги анализирале податоците добиени од 596 мажи и жени со колоректален карцином и ги споредиле податоците со тие на 509 здрави луѓе. Сите испитаници биле помеѓу 30 и 79 години стари.

Според извештајот од EJCN, крајните податоци покажале дека највисокото ниво на внес на фолати било поврзано со 53%, 58% и 52% намалување на ризикот од колоректален, на колон и ректален карцином, соодветно, кај сите испитаници.

Како и да е, кога истражувачите се фокусирале на полот на испитаниците, се покажало дека само жените имаат корист, со највисок внес на фолати поврзан со намалување на ризиокот за 64%, 66% и 70%, за колоректален, на колон и ректален канцер, соодветно.

 
 
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести