Kориста од суплементи за заболените од канцер

Нова студија од Норвешка открила дека пациентите со белодробен карцином кои биле редовни корисници на суплементи со исхраната со оглед на дијагнозата, имале подобри шанси за преживување одколку тие што не користеле.

Употребата на омега-3 масните киселини, EPA и DHA, и многу високи нивоа на витамин А и Д било асоцирано со 44% помал ризик од смрт поради карцином на белите дробови, додека дневна употреба на останати суплементи во исхраната било поврзано со 30% намалување на ризикот од смрт кај пациентите со белодробен карцином, според наодите публикувани во International Journal of Cancer.

Студијата исто така наведува дека користа од суплементите може да се припише дури и кај кој и да било солиден тумор, вклучувајѓи ги карциномот на дојката и колоректалниот карцином.

Суплементацијата била одредена за 68 518 ушесници во студијата на Norwegian Women and Cancer институцијата употребувајќи анкетни листови за нашинот и шестотата на исхрана. Најчесто употребувани суплементи биле омега-3 масните киселини, EPA и DHA, витамин А и Д, потоа мултивитамините и минералните суплементи, наведуваат истражувачите.

Откако ги организирале податоците според тоа дали пушат цигари, возраста на која биле дијагностицирани пациентите и стадиумот на карцином, Skeie и неговите соработници навеле дека користењето на омега-3 масните киселини, EPA и DHA и витамин А и Д секојдневно , во текот на една година, во зависност од дијагнозата било асоцирано со 23% намалување на ризикот од смрт кај пациентите со солидни тумори и 44% намалување на пациентите со белодробен карцином.


 
Автор: Др.Дарко Стојановски-медицински советник во ХЕМА

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести