Советодавно тело на претставници на пациенти-Community Advisory Board (CAB)

Претставниците на пациентите соработуваат со истражувачите, академските претставници, здравствените власти, фармацевтските компании и други чинители на здравството и здравствениот систем.

Советодавното тело на претставници на пациенти-Community Advisory Board (CAB)  е  работна група на претставници на пациенти кои  вршат мониторинг во развојот на фармацевтските третмани  за соодветна болест преку активна и таргетирана интеракција и ефикасна соработка со фармацевтските компании , здравствените власти и научниците. Во овие советодавни тела учествуваат претставници на пациенти кои се експерти во соодветната област и тие учествуваат во нив на волонтерска база.

Првиот модел на Советодавно тело на претставници на пациенти е оформен пред повеќе од десетина  години со претставници на пациенти од ХИВ заедницата и Европската група за третман на СИДА. Од тогаш се оформени голем број на ваков тип на советодавни тела каде што претставниците на пациентите одлучуваат во однос на темите на дискусија при состаноците кои се од големо значење за пациентските заедници.
Во мај 2019 година се одржа првиот состанок на советодавното тело на претставници на пациенти за мултипен миелом и како член на ова тело за прв пат имаме претставник од Македонија од  Здружението ХЕМА-Мирјана Бабамова.

Европската Пациентска Академија за развој на третмани(ЕUPATI)  има издадено прирачник за почетници за методите за создавање на Советодавно тело на претставници на пациенти-Community Advisory Board (CAB). Повеќе информации можете да прочитате на овој линк :
 
https://toolbox.eupati.eu/resources/mini-course-starter-kit-community-advisory-boards/
 

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести