Виртуелен советник за пациенти со хематолошки малигни заболувања

Почитувани,

Пандемијата со КОВИД 19 предизвика промени кај сите нас, а особено кај пациентите со хематолошки малигни заболувања кои се во имунокомпромитирачка состојба. За да им помогнеме на овие пациенти ја овозможивме оваа платформа во вид на онлине советувалиште во рамките на кое пациентите и нивните негуватели ќе имаат можност да се консултираат со лекар-специјалист, нутриционист, психотерапевт или да добијат бесплатни часови по јога. Почнуваме се совети од област на исхрана кај пациентите со хематолошки малигни заболувања и со виртуелни часови по јога.

СОВЕТИ ЗА ИСХРАНА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХЕМАТОЛОШКИ МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
Исхраната е многу важен дел од третманот на хематолошките малигни заболувања. Добрата исхрана на болните пред, во текот и после лекувањето е фактор кој ќе придонесе да се чувствувате подобро и посилно во совладувањето на болеста. Многу луѓе имаат потреба за повеќе информации во врска со исхраната при овие заболување за што и ја овозможивме оваа платформа. На Вашите прашања за исхраната како превенција , во текот и после болеста, одговори ќе дава нутриционистот г-ѓа Соња Пановска, магистер по јавно здравје. Можете да поставите прашања преку формата со пополнување на податоците или да закажете виртуелна средба во траење од максимум 20 минути, на која ќе можете да поставите прашања.

ВИРТУЕЛНИ ЧАСОВИ ПО ЈОГА
Истражувањата укажуваат дека јогата како комплементарна терапија ги подобрува : крвната циркулација,пулсот, дишењето, метаболизмот и целокупната здравствена состојба.Јогата може да ја подобри Вашата подвижност, здравјето на коските,кардиоваскуларното здравје,капацитетот на белите дробови и останатите физиолошки механизми во телото, а исто така може и да ја намали болката.Јогата не може да го излечи карциномот, но многу помага при несоници,проблеми со спиење,го намалува стресот и овозможува да бидете порелаксирани.Истражувањата покажуваат дека јогата им помага на заболените од карцином да се ослободат од депресија или анксиозност. Виртуелните часови по јога ќе ги одржува г-ѓа Саманта Ниер, сертифициран инструктор по јога од Швајцарија. (часовите по јога закажани преку формата на ХЕМA се бесплатни)

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести