Работна средба со министерот за здравство д-р Беким Сали

Претставници на Здружението ХЕМА имаа работна средба со министерот за здравство д-р Беким Сали, на која се дискутираше за тековните и идните активности на Здружението и соработката со институциите на системот, со посебен осврт на обновување на позитивната листа на лекови која не е обновена изминативе 15 години. Во наредниот период се планира формирање на работна група од страна на министерството за здравство за обновување на позитивната листа на лекови. Пациентските организации ќе имаат можност да доставуваат барања и предлози до претседателот на работната група, која ќе одлучува кој лек ќе биде одобрен на позитивната листа на лекови.

Категории

Пребарување

Најнови вести

Тагови

Популарни вести

Архива на вести