Лимфаденопатија претставува состојба на отечени или зголемени лимфни јазли. Може да се појави како последица на голем број бенигни (најчесто воспалителни) или малигни заболувања. Затоа, секоја лимфаденопатија која постои подолго од 2 недели без јасна причина треба задолжително клиничко да се иследи.
Лимфаденопатија e состојба на промена на лимфниот јазол во големина, број и/или конзистенција. Често е синоним на отечени или зголемени лимфни јазли. Може да биде резултат на примарна или секундарна манифестација на голем број заболувања.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.