Лимфаденопатија претставува состојба на отечени или зголемени лимфни јазли. Може да се појави како последица на голем број бенигни (најчесто воспалителни) или малигни заболувања. Затоа, секоја лимфаденопатија која постои подолго од 2 недели без јасна причина треба задолжително клиничко да се иследи.