Кратко за нас

Здружението ХЕМА е основано во јануари 2018 година за помош и поддршка на пациенти со хематолошки заболувања и нивни негуватели. Формирано е со слободно здружување на граѓани, со цел да им се понудат поддршка и информации на пациентите, негувателите и семејствата засегнати од хематолошки заболувања. Цел е да се лобира овие пациенти да имаат подобар и еднаков пристап до квалитетна и современа терапија и современи третмани на лекување, кои им се достапни на пациентите од Западна Европа и останатите развиени земји. Воедно, преку кампањи и други активности, да се подобри квалитетот на нивниот живот и да се подигне свеста за хематолошките заболувања. 

Како резултат на незадоволените и зголемени потреби за поддршка на онколошките пациенти во нашата земја, решивме да го прошириме нашето делување, со што од ХЕМА преминавме во ХЕМА-ОНКО.

 Ние знаеме дека патот по кој сме тргнале нема да биде лесен, сепак  сме одлучни, посветени и со желба и цел да соработуваме со нашата Влада, Министерство за здравство, ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија  и ЈЗУ Универзитетска Kлиника за радиотерапија и онкологија.  
Работејќи заедно за реформи на нашиот здравствен систем со визија и посветеност според стандардите на ЕУ, веруваме дека можеме да постигнеме многу позитивни резултати и бенефит за пациентите со рак.   
                          
Нашата мисија и причина за постоење, е искрена желба за поддршка на пациенти и нивни негуватели, во процесот на лекување на хематолошки како и онколошките заболувања, се со цел за подобрување на квалитетот на лекување на овие пациенти и квалитетот на нивниот живот, во напнато општество.

Мисија

Полесен пристап до најнови информации и современи методи на лекување, поврзани со проблематиката на болеста. Помош и поддршка на пациенти со наши програми и проекти, отворени работилници и форуми во кои ќе бидат вклучени и дел од професионални медицински лица и хуманитарни работници( лекари, психолози, психијатри).

Визија

Нашата визија е да бидеме синоним за пациентско здружение кое поставува нови, покомпетентни и повисоки стандарди во однос на пристапот на лекување на хематолошките и онколошки заболувања. Отварање на нови можности за пациентите кон соодветниот пристап во лекувањето, според примерите на високо развиените здравствени системи, во Европа и во светски рамки.

Цели и задачи

Извештаи

Биланс на приходи и расходи 2019  
Биланс на приходи и расходи 2020